„Би-Би-Си е за срамота“, напиша поранешниот дефанзивец на Челзи и Англија Џон Тери на социјалните мрежи. Тој го критикуваше Би-Би-Си затоа што синоќа на мечот Словенија-Португалија на екарнот наместо Роналдо се појави натписот „Мистиано Пеналдо“, што на англиски се преведува како „промашен пенал“.
Оваа графика се појави во моменто кога Роналдо промаши пенал во 105. минута.
Солзи можеа да се видат на очите на големата фудбалска ѕвезда која имаше можност да ја реши работата во првото продолжение, но Јан Облак го одбрани неговиот удар од 11 метри, а Роналдо не можеше да ги задржи солзите.
– Тага на почетокот, радост на крајот. Тоа се фудбалски моменти кои не се опишуваат. Имав шанса да го доведам тимот во водство, но не успеав. Јан имаше одлична одбрана. Не сум промашил ниту еден пенал една година, но кога беше најважно, мислам дека заслужено победивме затоа што Словенија се бранеше речиси цел натпревар. Посебни честитки за нашиот голман кој одбрани три пенали – рече Роналдо.
Портигалија ја совлада Словенија со 3-0, а во четвртфиналето на 5 јули ќе се соочи со светкиот вицешампион Франција.
Франција во понеделникот ја совлада Белгија со минимални 1-0.