Голманот на Србија се степал среде Минхен по куси панталони

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Регионалните медиуми пишуваат за голем скандал кој се случил во Минхен, ден пред натпреварот помеѓу Србија и Данска, по кој нашиот северен сосед го заврши настапот на Европското првенство.

Голманот на српската репрезентација, Вања Милинковиќ-Савиќ го искористил слободниот ден за посета на локален ресторан во кој начесто се собира дијаспората и други националности од поранешна Југославија, а таму се случил голем инцидент кој не останал незабележан од посетителите.

Најпрво, голманот се расправал со обезбедувањето кое не сакало да го пушти внатре поради неговата облека (бил облечен во куси пантолони), а потоа дошло и до физичка пресметка со еден навивач кој му рекол дека треба да биде во карантин и не смее да пие алкохол. Милинковиќ-Савиќ прво го опцул својот сонародник, а потоа и го удрил, по што морало повторно да реагира обезбедувањето.

Во целата ситуација се вмешал и сопственикот на ресторанот, кој потоа изјавил дека „страстите се смириле без посериозни последици“, но сепак и овој случај фрла голема дамка на целокупното претставување на Србија на континенталниот собир. За потсетување, „орлите“ ја завршија групната фаза со две ремија и пораз од Данска, а тоа беше недоволно за пласман во осминафиналето.

Share This Article