More

    Девет пожари на отворено и неколку помали интервенции се евидентирани изминатото деноноќие во земјава

    spot_img

    Девет пожари на отворено и неколку помали интервенции се евидентирани изминатото деноноќие во земјава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Запалена била ниска вегетација кај село Љубетен, општина Бутел. Горела ниска вегетација и покрај автопатот Скопје – Тетово, општина Сарај. Кај село Конче, општина Радовиш, гореле депонија, стрништа и грмушки. Во општина Струмица, кај село Доброшинци, се интервенирало на запалена ниска вегетација. Во општина Кавадарци, кај месноста „Танкото Патче“, пожарникари гаснеле опожарена ниска вегетација. Во општина Свети Николе, до градот, имало пожар на депонија и на мал дел ниска вегетација. Во општина Пробиштип, кај селото Ратавица, се интервенирало на опожарени земјоделска површина под житна култура, нискостеблести растенија и ниска вегетација. Во општина Пробиштип, кај селото Дреново,  запалени биле нискостеблести растенија, ниска вегетација, лозје.

    Како што информираше ЦУК, регистрирани биле 2.388 повици на 112 изминатите 24 часа.

    Од нив, како реални биле категоризирани 60,55 отсто, а 39,45% за други потреби на граѓаните. Кон полицијата биле упатени 47,84%, кон Итната медицинска помош – 18,40%, кон пожарникарите – 4,55%, а кон АМСМ – 0,22%.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img