Сури Круз, 18-годишната ќерка на Том Круз, минатиот петок дипломираше средно училиште каде и беше доделена диплома. И додека нејзиниот најголем поддржувач, мајката Кејти Холмс, цело време беше со неа, нејзиниот татко Том уживаше во концертот на пејачката Тејлор Свифт.
За време на матурата, Сури, која оваа есен треба да го посетува Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, изгледаше пресреќно додека ја прославуваше големата пресвртница во нејзиниот живот, без нејзиниот татко.
Таа за дипломирањето носеше долг бел фустан под црвена тога и капа, а штиклите ги замени со стари веднаш по церемонијата на дипломирањето. Актерката Кејти Холмс го прослави успехот на својата ќерка во бледо жолта поло маица и плисирани панталони.
Уверението за дипломирање на Сури го покажува нејзиното име како Сури Ноел, што само потврдува дека таа го нема презимето на татко и, туку средното име на нејзината мајка.