More

    Мисајловски: Ветувам враќање на достоинството на армијата, Ветувам инвестиции во објектите на АРМ, нова опрема, поубави услови за работа, поголеми плати

    spot_img

    Отсекогаш се борев за Македонија. Државата ми е водилка и чест ми е кога народот ме бира. Но, сега честа е неизмерна, затоа што ќе раководам со министерството во кое секој еден припадник е спремен да даде сѐ за Македонија, вели во своето видео обраќање потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден министер за одбрана, Владо Мисајловски.

    „Гордост е да се биде на чело на министерството за одбрана, уште поголема е обврската. Со години Армијата оставена на маргините, време е тоа да се промени. Ветувам враќање на достоинството на армијата, Ветувам инвестиции во објектите на АРМ, нова опрема, поубави услови за работа, поголеми плати. Ветувам дека ќе се грижам за луѓето кои се грижат за нас целиот свој живот, ќе се ангажирам посветено.

    Армијата ќе биде огледало за државата. Како НАТО членка треба да знаеме дека Армијата е најголем амбасадор на државата. Од семинари, до обуки, тренинзи, вежби со сојузничките армии.

    Македонија ќе биде горда на својата Армија.

    Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме!“, вели Мисајловски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img