More

    Мицевски од говорница упати покана до турските партии

    spot_img

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата.

    Ова „фрлање ракавица“, како што истакна Мицевски, следуваше откако претходно, Бејџан Илјаз од коалицијата Европски фронт изрази загриженост дека во новиот владин состав нема ниту еден претставник од труската заедница.

    Според Мицевски, моментно владата на ВМРО-ДПМНЕ на турските партии може да им понуди едно заменичко министерско место.

    – Ве поканувам да влезете во владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во ова парламнетрано мнозинство, за сите заедно да можеме да работиме на подобрување на состојбите во државата. Во моментот можеме да понудиме едно заменичко министерско место. Повелете, влезете во владата и заедно да работиме на предизвиците за кои зборувавте сега – истакна Мицевски, додавајќи дека Демократската партија на Турците сама избрала да биде дел од Европскиот фронт.

    Илјаз се заблагодари за поканата и повтори дека одлуката да бидат дел од Европскиот фронт е партиска.

    – Добро знаете дека предизборно имавме разговори со сите партии и притоа се водевме од принципите и дадените укажаувања на нашите партиски органи. Затоа сме дел од Европскиот фронт. Загриженоста е што не само во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во поранешните влади, особено изминатите осум години, немавме претставник во владата – потенцира Илјаз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img