Ерменското Министерство за надворешни работи денеска ја објави одлуката на Ерменија да ја признае Палестина како држава, истакнувајќи ја „критичната ситуација во Газа“.
Потврдувајќи ја својата лојалност кон меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Ерменија ја признава државата Палестина“, се наведува во соопштението на МНР.
Како што се додава, „Ереван искрено се залага за воспоставување траен мир во регионот“.