Српската поп пејачка Јелена Карлеуша синоќа го имаше првото појавување во јавноста откако нејзиниот сопруг Душко Тошиќ физички ги нападна неа и нејзиниот пријател во семејната вила на Дедиње, како што објавија српските медиуми.
Поп-ѕвездата се појави на изборот Мис Србија за 2024 година, како претседателка на жирито кое ја избра убавицата.
Јелена како и секогаш се појави во одличен стил достоен за дива, а за „српската Мет Гала“ како што го нарече овој настан, избра аутфит во стилот на Мерлин Монро – во бело од глава до пети.
– За мене е голема чест, претседателот на жирито има сериозна задача. Србија е позната по убавите жени. Себеси не се вбројувам во убавите, но се сметам за забавна жена, никако здодевна. Кога ќе помислам на убава жена, првата личност што ми паѓа напамет е Снежана Савиќ. Оваа планета би била совршена кога жените би владееле со неа, а мажите би служеле за продолжување на видот – изјавила Карлеуша.
Потоа ја спомнала и ќерката Ника, која неодамна беше матурантка.
– Прво ја испратив Ника на матура, патоа во Германија, каде што е со нејзиниот татко. Јас сум горда мајка, таа беше вистинска принцеза. Ја интересира фудбалот, тоа го повлече од татко и.
– Во процес на спогодбен развод сум со Душко – изјавила Јелена за српски „Курир“.