More

    Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски не очекува ценовен шок за граѓаните од цената на водата

    spot_img

    Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски не очекува ценовен шок за граѓаните од цената на водата, бидејќи како што вели, прво компаниите кои се грижат за снабдување со вода за пиење треба да ги намалат загубите на вода кои во земјава се највисоки во регионот и изнесуваат 62 до 63% од капацитетот на мрежите.

    – Состојбата е поради голем број импровизации и неинвестирање во мрежите. Ние ќе направиме сѐ состојбата да се промени. Подготвени сме да ја определиме крајната цена на сите водни услуги и гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите преку зголемено инвестирање во мрежите со кои ќе се придонесе за намалување на загубите на вода во земјата и нема да придонесеме за зголемување на цената на услугите. Таа вода ќе се пласира до корисниците и ќе се наплати од нив – вели Бислимоски.

    Бислимоски рече дека тоа ќе резултира со цени кои нема да предизвикаат ценовен шок за граѓаните.

    Тој не можеше да лаже каде стоиме во Европа и во светот со загубите на вода од мрежите, но рече, дека нашите загуби на вода се најголеми во регионот.

    Изјавата првиот регулатор ја даде пред отворањето на 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од ЕУ – WAREG.

    Андреа Гуерини, претседател на WAREG рече дека европските регулатори се грижат за 400 милиони корисници на вода во Европа.

    Тој рече дека регулаторите поставуваат и економски правила за водата преку обезбедување висок стандард на водни услуги.

    – Се грижиме и граѓаните на Македонија да добијат такви услуги. Затоа не сме вклучени во голем број проекти за изградба на капацитети – рече Гуерини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img