Фудбалската репрезентација на Србија синоќа загуби со 1:0 од Англија на Европското фудбалско првенство, а поддршка на своите поранешни соиграчи од трибините им дадоа и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ и неговата ќерка Ника.
Ника Тошиќ го засакала фудбалот покрај својот татко Душко, кој беше репрезентативец на Србија и играше во клубови ширум светот, од Германија до Кина и Турција.
Ника почнала да тренира женски фудбал кога имала само неколку години, а во едно од интервјуата што ги дала открила дека нејзини примери се нејзиниот татко Душко и Роналдо.
На поп-дивата Јелена Карлеуша најпрво не и било сеедно што нивната ќерка се определила за ваков спорт, но покрај Душко, таа отсекогаш и била најголем поддржувач.
Со оглед на тоа што започна Европското првенство во фудбал, Душко не можеше да ја пропушти можноста да ја однесе својата ќерка на првиот натпревар кој синоќа го одигра српската репрезентација.
Тошиќ вчера на својот инстаграм-профил прво објави фотографија со Ника од авион, а потоа и видео од трибините на кои се гледа дека друштво му прави помалата ќерка.
Миленичката на Јелена и Душко како и секоја вистинска навивачка ги бодрела фудбалерите во дресот на Србија.