Најмалку 9 луѓе, меѓу кои и две деца, се ранети кога вооружен маж отворил оган врз рампа за прскање во воден парк во Рочестер Хилс, предградие на Детроит во САД. Инцидентот се случил во саботата вечерта, соопштија властите.
Напаѓачот, 42-годишен маж, подоцна бил пронајден мртов и според информациите од полицијата, тој по нападот извршил самоубиство.
Оружјето со кое се пукало е пронајдено на местото на настанот, соопшти полицијата.
– Напаѓачот бил маж кој излегол од автомобил пред водениот парк Брукленд Плаза во Рочестер Хилс и испукал околу 30 истрели со полуавтоматски пиштол Глок калибар 9 милиметри – изјави шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар.
Жртвите биле на возраст од 4 до 78 години, рече Бушар. Во критична состојба се 8-годишно момче и 39-годишна жена, двајцата од исто семејство. Момчето се здобило со прострелна рана во главата, соопшти шерифот.
Останатите жртви се во стабилна состојба со различни прострелни рани. Најмалку четири регионални болници ги лекуваа жртвите.
Рочестер Хилс се наоѓа на околу 50 километри северно од Детроит.