Португалскиот стручњак Пауло Фонсека е новиот тренер на Милан.
Оваа информација беше потврдена на официјалниот сајт на тимот од Сан Сиро, а Фонсека потпиша договор до летото 2027 година.
„Пауло Фонсека е нашиот нов тренер и потпиша договор на три години. Среќни сме и со нетрпение очекуваме нов почеток. Добредојдовте господине“, порачаа од Милано.
51-годишниот стручњак кариерата ја започна во помладите категории на Амадор, а ги водеше и Одивелас, Пинхалновенсе, Деспортиво Авес, Пакос Фереира, Порто, Брага, Шахтјор, Рома и Лил.
Францускиот тим го предводеше на 90 натпревари, а забележа 45 победи, 26 нерешени и 19 порази.
Фонсека ќе го наследи Стефано Пиоли на клупата на Милан.
Не е доцна! Придружете се на другите селектори и играјте европска фудбалска фантазија 2024 година.
Со N1 играјте фантазија посветена на претстојното Европско првенство и освојте вредни награди. Повеќе информации можете да најдете ТУКА, а пријавувањето за Фантази Еуро 2024 можете да најдете на ОВОЈ ЛИНК.
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од најголемиот фудбалски спектакл – N1 Fantasy Football – вашата игра, вашите правила!