На 12.06.2024 во 18.50 часот на ул.„Никола Георгиевски Никлец” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Б.(30) и Н.И.(28), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Д.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.06.2024 во 09.20 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Р.(56) од Република Турција. При пасошка контрола и дополнителна проверка било констатирано дека зелената карта за осигурување за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка со турска национална ознака, кое го управувал, била фалсификувана. Лицето било задржано во полициска станица, по што бил изведено пред судија во Основен суд Крива Паланка, кој му одредил алтернативна мерка условна осуда.
На 12.06.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.,,Браќа Миладинови“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.К.(18) од с.Град, делчевско и патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (75) од с.Габрово, делчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
На 13.06.2024 во 07.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на ул.„Илинденска“ со ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(30) од Тетово, удрило во паркирани патнички моторни возила: „форд“ со тетовски регистарски ознаки, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Љ.А.(19) од тетовско Гајре, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
На 12.06.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Б.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Струмичка“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 12.06.2024 во 22.30 часот во ОВР Гостивар, Н.М.(52) од Гостивар пријавила дека на ул.„Душко Поповиќ“ во Гостивар била касната од куче скитник.