Исчезнато е лицето Стефан Ангеловски од населбата Горно Оризари во Битола, објавено е на социјалните мрежи.
Како што е наведено во објавата која масовно се споделува, младото момче е високо 190 сантиметри, има тежина од околу 90 килограми.
„Стефан е облечен во црна маица, бермуди и бели патики. За било каква информација јавете се на 192“, се вели во објавата.