More

    Дали Путин му испраќа скриена порака на Бајден?

    spot_img

    Руски воени бродови денеска влегоа во пристаништето на главниот град на Куба, откако и американските и кубанските власти оценија дека тоа не претставува безбедносна закана за регионот, пренесуваат западните медиуми.

    Пристигнувањето на руски воени бродови во Хавана се толкува како демонстрација на моќта на официјална Москва во време на зголемена меѓународна тензија поради војната во Украина, пренесува Ројтерс.

    Неколку рибарски чамци и љубопитни набљудувачи беа наредени на булеварот Малекон на брегот на кубанската престолнина за да ги пречекаат руските воени бродови кои влегуваат во пристаништето до тврдината Моро, стара 400 години.

    Први впловија танкерот „Академик Пашин“, шлеперот „Николај Чикер“ и воената фрегата, додека нуклеарна подморница на отворено море чека одобрение за влез во пристаништето во Хавана.

    Воената фрегата и подморницата, дел од поморската група од четири руски воени бродови кои денеска пристигнаа на Куба, учествуваа во поморски ракетни маневри во Атлантскиот Океан на пат кон карипската островска држава, соопшти претходниот ден руското Министерство за одбрана.

    Куба минатата недела соопшти дека ваква посета е стандардна практика на воените бродови на земјите пријателки на Куба, Министерството за надворешни работи на Куба соопшти дека руските бродови не носат нуклеарно оружје, што го потврдија и американските власти.

    Хавана се наоѓа на само 160 километри од Ки Вест, град во американската сојузна држава Флорида каде што е сместена базата на американското воено воздухопловство.

    Според Вилијам Леогранд, професор на Американскиот универзитет, моментот на оваа руска посета на Куба, во време кога администрацијата на претседателот Бајден размислува колку далеку треба да оди со давање поддршка на украинската војска, сугерира повеќе од „стандардна практика“.

    – Посетата на руските воени бродови е начин на Путин да го потсети Бајден дека официјална Москва може да му претставува предизвик на официјален Вашингтон во нејзината сфера на влијание – рече Леогранд.

    Пристигнувањето на руските воени бродови, исто така, се совпаѓа со најтешката социјална и економска криза во Куба во последните децении, со недостиг на храна, лекови, гориво и растечко незадоволство на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img