На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода А.Н.(42) од село Сојаклари, велешко. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен. Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.06.2024 во 11.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле З.Х.(48) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 05.06.2024 во 15.00 часот кај место викано „Борови“ во близина на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово го привеле Б.С.(71) од Република Албанија затоа што остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за непрописно престројување при возење…
На 05.06.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Полежиновски“ и ул.„Адолф Циборовски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(25), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.06.2024 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Бањиче –Тетово кај мостот, А.Д.(30) од Тетово, управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 05.06.2024 во 10.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(38) од с.Коњаре, скопско, при што бил удрен и пешакот З.У.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.У., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобила Љ.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.06.2024 во 22.15 часот во Полициската станица Центар, М.Б.(73) од Скопје пријавил дека ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.06.2024 во 01.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ј.Д.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Банатска“ во Скопје била касната од куче скитник.