More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 05.06.2024  

    spot_img

    Денеска (05.06.2024) во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.А.(38) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на ул.„Крсте Мисирков“ во Штип, од каде одзел повеќе производи. Тој бил задржан во полициска станица, а украденото било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 04.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд извршиле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко. При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување. Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за  странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Подоцна, во 12.45 часот на земјен пат од с.Дрен кон истото градилиште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „дачиа дастер” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа, било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци. Тие, исто така, биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.     

     На 04.06.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ф.(43) од Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 04.06.2024  во 11.10 часот на Граничниот премин Mеѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(38) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Косово. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

    На 04.06.2024 во 17.18 часот на Граничниот премин Пелинце, полициски службеници го привеле М.В.(55) од Република Србија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане за понатамошна постапка.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за непрописно престројување при возење…   

     На 04.06.2024 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Наум Наумовски“ со ул.„Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

     На 04.06.2024 во 07.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај тунелот на магистралниот пат Охрид – Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.С.(67) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од охридското село Требеништа. Во несреќата, возачот М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник Р.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид. 

     На 04.06.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, Г.Б.(64) од с.Василево, струмичко, управувајќи патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од З.П.(40) од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василево и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

     На 04.06.2024 во 11.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Анте Банина“, ул.„Сајбие Демир“ и ул.„Митко Недев“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од И.А.(60), двајцата од Штип. Во несреќата се тешки телесни повреди се здобил И.А., а неговата сопатничка Е.А.(59) од Штип и малолетникот се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

     На 04.06.2024 во 15.30 часот во Полициското одделение Петровец, А.Н.(42) од с.Катланово, скопско, пријавил дека во село Катланово, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

     На 04.06.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Л.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 04.06.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, Д.В.(19) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img