More

    Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Јапонија, но не беше издадено предупредување за цунами

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Јапонија, но не беше издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

    Епицентарот на земјотресот бил на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 луѓе. Според телевизијата НХК, локалните власти соопштија дека засега не е регистрирана материјална штета.

    Афтершок со јачина од 4,8 степени се случи 10 минути по првиот земјотрес.

    Јапонија често ја погодуваат земјотреси и во обид да ги ограничи нивните ефекти, применува исклучително строги правила за градба.

    Катастрофата во Фукушима во март 2011 година, по разорниот земјотрес и цунамито кои следеа и ја оштетија нуклеарната централа, се уште е длабоко врежана во меморијата на населението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img