More

    Храна која може да ви помогне да го намалите стресот

    spot_img

    Нездравата храна само ја влошува состојбата.

    Ако сте под голем стрес, треба да престанете да јадете нездрава храна за да не ја влошите вашата ментална состојба и наместо тоа да консумирате здрава храна.

    Витаминот Б помага во регулирање на расположението и производство на серотонин, познат и како хормон на среќата. Го има во рибата, пилешкото, млечните производи и јајцата.

    Стресот предизвикува недостаток на магнезиум. Поради оваа причина, треба да консумирате и многу богата храна како лиснат зеленчук: зелена салата, спанаќ, блитва, како и брокула. Добро е да се консумира кафеав ориз, но и бадеми.

    Конзумирањето на омега-3 масни киселини го намалува кортизолот, хормонот на стресот. Најдобар извор на омега-3 масни киселини е рибата. Со оглед на тоа дека морската храна денес е многу скапа, поевтина опција е да се купат конзервирани сардини и туна, пренесува Klix.ba.

    Истражувањето спроведено во 2022 година покажа дека консумирањето на одредени овошја е поврзано со намалување на нивото на стрес. Учесниците кои јаделе банани, портокали, јаболка и круши имале 20 до 30 отсто помал ризик од стрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img