More

    Бебињата кои се дојат подолго имаат подобри интелектуални способности како тинејџери

    spot_img

    Студијата на повеќе од 7.800 британски деца проучувала деца кои биле доени помалку од два месеци, два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година.

    Истражувачите откриле дека оние деца кои доеле најдолго, повеќе од една година, покажале најдобри резултати во тестовите за вокабулар на 14-годишна возраст во споредба со децата кои не биле доени.

    Истражувањето го спровеле експерти од Универзитетот во Оксфорд и заклучиле дека разликите во резултатите значат три поени пониски на тестот за интелигенција кај децата кои не се доени.

    Доењето е поврзано со дискретно зголемување на интелигенцијата кај децата дури и кога се земаат предвид факторите како што се интелигенцијата на нивната мајка и нивните социо-економски околности.

    “Овие резултати би можеле да бидат загрижувачки за жените кои не доеле или не биле во можност да дојат. Затоа е важно да се поддржат жените кои сакаат да дојат”, вели д-р Рене Переира-Елиас, која ја водела студијата.

    Мајчиното млеко содржи полинезаситени масни киселини и хранливи материи како што е железото кои помагаат во развојот на мозокот на бебето. Експертите велат дека доењето им помага на децата да развијат помалку инфекции и болести, пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img