Оваа жена наскоро ќе наполни 75 години!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вера Ванг изгледа како никогаш да не старее. Познатата модна дизајнерка која наскоро ќе наполни 75 години, објави нови фотографии на Инстаграм на кои позира во костим за капење покрај базен.

Обожавателите се воодушевени од нејзиниот младешки изглед. „Времето застана за тебе“, „Како е можно да изгледаш вака?“, често ја прашуваат Вера Ванг.

Познатата дизајнерка, родена во 1949 година, стана вирална сензација на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед кој и пркоси на возраста.

„Те молам, Боже, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, „Воопшто не старееш“, „Инспирација“, „Убава и преубава“, се дел од коментарите на фановите на социјалните мрежи.

 

Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за BBC 100 Women минатата година. Покрај тоа што верува дека „добриот сон вреди злато“, таа на крајот од денот се почестува со коктел од вотка, кој го смета за магичен еликсир.

- Advertisement -
Ad image

 

– Во модата сум од својата 19. Никогаш не размислував за својот изглед, веројатно затоа што секојдневно работам со најубавите жени на светот. Ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин да се справам со стареењето. Затоа секогаш велев дека тајната е во коктел со вотка – вели Вера Ванг.

Share This Article