More

    Панчев и Најдоски пред 33 години го кренаа најголемиот европски пехар

    spot_img

    На денешен ден пред 33 годинa Црвена Звезда го направи најголемиот успех во југословенскиот клупски фудбал, откако славеше победа во финалето на Купот на европските шампиони одиграно во Бари против францускиот гигант Олимпик Марсеј.

    29 мај 1991 година скоро секој фан на Црвена Звезда уште долго ќе го памети, а тогаш не постоеше Македонец кој не беше горд на Илија Најдоски и Дарко Панчев кои беа дел од таа феноменална генерација на Звезда предводена од Љупко Петровиќ.

    Оваа звездена генерација во тоа време беше страв и трепет во фудбалска Европа, играше екстра-офанзивен фудбал, во нападот го имаше Панчев, кој беше гол-убиец, а на историското финале во Бари од првата минута истрчаа: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Бјелодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ и Биниќ.

    По 120 минути игра голови немаше па победникот мораше да се реши по изведувањето на пеналите, а таму одлучувачкиот пенал го погоди токму нашиот Панчев за огромна радост на целата нација.

    Овој историски гол на нашиот напаѓач легендарниот коментатор на „РТС“, Милојко Пантиќ го доживеа со зборовите: „Дарко, Дарко, Даркооо, „Златната копачка“ на Црвена Звезда денес го позлати нашиот црвено-бел тим“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img