Расте бројот на загинати во рускиот напад на супермаркет во вториот по големина украински град Харков во истоимениот регион, каде руските сили на почетокот на овој месец започнаа сега делумно ограничена офанзива во која постигнаа значителен напредок.
Засега црната бројка застана на 16 жртви, меѓу кои и 12-годишно девојче.
На видеото од внатрешноста на супермаркетот од надзорната камера, кое на мрежата Х го објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, може да се видат продавачите и клиентите во нивните вообичаени активности кога ненадејна катаклизма се појавува и видеото е прекинато.