Американската пејачка Ники Минаж е уапсена на аеродромот во Амстердам поради поседување дрога, објави Њујорк пост.
Минаж го снимаше разговорот со полицијата и видеото беше објавено на „Икс“.
На видеото се слуша како Минаж ги прашува полицајците зошто е уапсена и дека ѝ е потребен адвокат бидејќи не знае каде ја водат. Полицаецот ѝ одговара дека мора да оди во полициска станица бидејќи во нејзниот багаж е најдена дрога.
Холандската полиција соопшти дека 41-годишна пејачка била уапсена под сомнение дека поседувала лесни дроги, но не го наведе името на жената за која станува збор.
Американската пејачка требало да лета за Манчестер каде што вечерва требало да се појави на концерт.