More

    Селин Дион расплакана зборува за нејзината болест

    spot_img

    Селин Дион пред 2 години сподели со јавноста дека боледува од синдром на вкочанета личност, а сега за оваа нејзина тешка борба проговори и во документарен филм, објави Индепендент.

    Објавен е првиот трејлер за документарецот за битката на Селин Дион со тешката и неизлечива болест наречена „синдром на вкочанета личност“. Можете да ги видите потресните сцени на пејачката која зборува за нејзината најтешка животна битка.

    Видливо е како Селин го сочува гласот во документарецот и вели дека ќе направи сѐ за да може повторно да пее, а во исто време се труди да не заплаче.

    – Мојот глас е диригент на мојот живот – вели пејачката.

    Селин поради болеста ја одложи европската турнеја и многубројните јавни настапи, но е упорна во борбата да ја добие битката.

    – Ако не можам да трчам, ќе одам, ако не можам да одам, ќе ползам – рече таа во овој тежок период.

    Документарецот ќе биде достапен на Амазон од 25 јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img