Цените на нафтата денеска се намалија, се намали и цената на златото како и европските берзански индекси.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 77,852 долари, а на нафтата „брент“ на 82,080 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32,825 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.416,55 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 7,1355 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Франкфуртската берза DAX денеска падна на 18.671,45 поени, лондонскиот FTSE 100 на 8.365,25 поени, францускиот CAC 40 на 8.124,15 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.439,82 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 39.872,99 поени, S&P 500 на 5.321,41 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.832,62 поени.