Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина се повредени.
Од невремето има уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер.
– Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото – изјави портпаролот на полицијата на државата Ајова, наредникот Алекс Динкла, без да прецизира колку луѓе настрадале.