More

    Шефот на грчката дипломатија негира дека учествувал во спремањето на документот

    spot_img

    Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето на договорот од Преспа.

    Од говорницата во Собранието тој изрази несогласување со договорот од Преспа велејќи дека се работи за правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето, пренесуваат грчките медиуми.

    – Јас не само што немав учествувано во договорот, туку дополнително не можев да имам никакво учество од едноставна причина што суштински не се согласувам со договорот од Преспа, кој е правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето – нагласи министерот за надворешни работи.

    Герапетритис сепак додаде дека договорот со сите проблеми претставува меѓународно право, кое мора да го почитуваат бидејќи во согласност со Уставот е над секоја друга законска одредба.

    Ја пофали грчката дипломатија, која издејствувала брза реакција на европските институции по инаугирацијата на Гордана Силјановска-Давкова, која на свеченоста го употрби името Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img