More

    Путин одлучи кој ќе биде руски премиер

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави во петокот претседателот на Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент.

    Откако Путин во вторникот влезе во нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.

    И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.

    „Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната Дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за премиерската функција. Пратениците денеска ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на своите избирачи“, објави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин во апликацијата за пораки Телеграм.

    Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој првпат го номинираше Мишустин за премиер во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.

    Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „економски и регионален развој и зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img