Сопругата на Огњен Амиџиќ објави неодоливи фотографии од синот Перун, а малиот е „копија“ на таткото.
Водителскиот пар Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ неодамна го добија синот Перун.
Огњен и Мина не кријат колку се среќни поради приновата во својот дом, па постојано нè воодушевуваат со нови сцени на нивните профили на социјалните мрежи.
Така беше и сега кога сопругата на Амиџиќ објави емотивни фотографии.
Мина го фотографирала моментот во кој Перун безгрижно спие во преслатко боди, а до него е неговото мече.
– Никаде без нашето омилено кадифено мече, а зајачето ни го купи тета во Лондон – накратко напишала во описот.
Оваа симпатична семејна сцена го воодушеви обожавателите на Мина и Огњен.
ФОТО: Инстаграм/Мина Наумовиќ