More

    Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J) се согласи да исплати  6,48 милијарди долари отштета на корисници кои водат судски процес во кој тврдат дека азбестот во нејзините производи во прав предизвикува рак на јајници

    spot_img

    Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J) се согласи да исплати  6,48 милијарди долари отштета на корисници кои водат судски процес во кој тврдат дека азбестот во нејзините производи во прав предизвикува рак на јајници.

    Поради овој договор со тужителите, третата подружница на компанијата ќе оди во стечај.

    Компанијата, според предложениот договор, е обврзана за 3 месеци да ги подмири сите побарувања на оштетените кои тврдат дека имаат рак на јајници. Компанијата треба да подмири до 100.000 барања за рак на јајници.

    „J&J“, и покрај ова, тврди дека нејзините производи се безбедни, но се согласи на спогодба поддржана од многу од адвокатите на тужителите.

    Предложената спогодба  ги проширува претходните барања што ги опфаќаат случаите на мезотелиом и државните барања.

    „J&J“ издвои 11 милијарди долари за решавање на случаите со „канцерогената детска пудра“.

    Компанијата сега се соочува и со нова научна анализа на производите која е пред судот.

    Иако компанијата добила 95% од случаите, на некои оштетени им биле доделени големи суми пари.

    Компанијата  престана да го продава талкот на основа на бебешката пудра поради тужбите и проблемите со јавното мислење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img