Арина Сабаленка пристигна во Мадрид, каде ќе настапи на познатиот турнир. Белоруската тенисерка ја брани титулата, а по тој повод таа и шампионот во машка конкуренција Карлос Алкараз беа дел од ПР активност на која дадоа изјави и разговараа на централниот плоштад во Мадрид – Плаза Мајор.
Сепак, она што никој не го очекуваше беше фактот дека Сабаленка се појави во Мадрид во друштво на бразилскиот возач и бизнисмен, Георгиос Франгулис, кој има грчко потекло.
Во видеото кое трае само 7 секунди, многумина покрај Сабаленка го забележаа Франгулис како нежно ја допира по грбот, на што таа не се буни.
Франгулис е професионален возач на автомобили кој се натпреваруваше во Суперкупот на Порше за „Oak Racing Team“, спонзориран од неговата компанија.
Меѓутоа, автомобилизмот не му е главно средство за обезбедување приходи, туку бизнисот.
Тој е сопственик на Oakberry, бразилска франшиза која произведува органски пијалоци врз основа на овошјето асаи, кое е особено поврзано со Бразил.
Вредноста на Oakberry според последниот просек од декември 2023 година, се проценува на околу 67 милиони долари, а проекциите беа дека ќе достигне вредност од 200 милиони за една година, како и дека ќе се прошири на вкупно 1.000 локации ширум светот.
За тоа колку е влијателен младиот бразилски бизнисмен со грчко потекло, најдобро говори фактот што се најде на насловната страница на бразилскиот Форбс.
Сепак, останува мистерија дали меѓу Арина и него постои нешто повеќе од пријателство или блискоста фатена на снимката е случајна.
Она што е исто така невообичаено е тоа што Франгулис на својот Инстаграм има фотографии со Бех Арментано, со која е во брак во последните пет години. Последната заедничка фотографија ја објавија во мај 2023 година.
Инаку, Арина неодамна доживеа трагедија, кога по раскинувањето со долгогодишното момче, поранешниот хокеар Константин Колцов, тој реши да се самоубие скокајќи од хотелска зграда во Мајами, непосредно пред турнирот на кој таа настапи.