Француската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе се разнесе со експлозив во иранскиот конзулат во Париз, јавува Ројтерс повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата претходно ја опколи зградата на иранскиот конзулат. Според полициски извори, мажот бил виден околу 11 часот по локално време како влегува во иранскиот конзулат, носејќи граната и елек со експлозив.
Снимките на француската телевизија и социјалните мрежи покажуваат дека полицијата ја опкружува зградата.