Полицијата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по силниот дожд што го зафати тоа подрачје, спаси мачка од обилните поплави. Видеото од мигот на спасувањето стана хит на социјалните мрежи.
На снимките се гледа како црно-бело улично маче грчевито се држи за вратата од еден автомобил, сѐ додека спасувачите не го земат и не го однесат на безбедно, пренесува Си-ен-ен.
Според наводите, за само 24 часа во Дубаи наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во ова подрачје. Светските медиуми дождот од завчера веќе го нарекуват – „историски метеоролошки настан“ што надминал „сѐ што е документирано досега“.