Бјанка Ценсори и раперот Канје Вест се во брак од крајот на 2022 година, а од летото навака, од ден на ден шокираат со своите разголени модни комбинации. Бјанка досега повеќепати се појави без долна облека, облечена во проѕирни креации или само во мрежасти хулахопки во јавноста.
Сопругата на Канје, Бјанка (29) сега повторно ја изненади јавноста со својата модна комбинација. Обожавател ја фотографирал во текот на посетата во Дизниленд, а иако овој пат не носела проѕирни ткаенини, таа ги привлекла погледите.
Бјанка била облечена во беж кратки панталони и маица, а градите ги покрила со парче малку потемна ткаенина.
Сепак, она што најмногу изненади е фактот што таа била боса.
„Мислам дека ова е најмногу облека што некогаш сум видела на неа“, гласеше еден од коментарите на социјалната мрежа ТикТок.