More

    Петнаесетти ден од кампањата за претседателските избори

    spot_img

    Петнаесетти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.

    Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Охрид. (19:00).

    Куманово – Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Куманово. (Градски Пазар/10:00, х.„Солун“/11:00, Бруклин кафе бар/12:00, изјава за медиумите, Live stream на fb страната на Maksim Dimitrievski/12:30, р.„Грација“/13:00, централен митинг на Градскиот плоштад, Live stream на fb страната на Maksim Dimitrievski/20:00).

    Европски фронт во рамки на кампањата за претседателските избори со Бујар Османи ќе оствари средба со граѓани во Слупчане (16:00), во Матејче  (17:00), во Липково (18:00), и централен митинг (Спортска сала на Средно економско училиште/20:00).

    Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска ќе одржи митинг во Велес на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. (во Народнитот театар Ј.Х.К. – Џинот во 19:30).

    Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски ќе има средби со граѓани во Гевгелија – изјава кај Матична библиотеја „Гоце Делчев“ (11:00), во Ново Село – изјава кај градскиот пазар (13:00), Струмица – изјава во центарот (15:00).

    Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска  со активности на партиите и коалиците за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во 6 изборни единици.

    Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска  со активности на партиите и коалиците за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во 6 изборни единици.

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира настан по повод означување на почетокот на кампањата за парламентарните избори „Нема откажување од иднината“ на СДСМ и коалицијата за европска иднина каде ќе се обрати претседателот на партијата, Димитар Ковачевски. (Музеј на современа уметност/12:00)

    Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, заедно со носителот, Фатмир Битиќи, ќе одржат прес-конференција по повод отпочнување на кампањата за парламентарните избори. (Автокоманда, спроти полициската станица/10:30/Скопје).

    Претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратениците ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Демир Капија (18:00) и во Гевгелија (19:30, пренос во живо од митингот во Гевгелија ќе има на официјалните страници на Фејсбук, на профилот на претседателот Димитар Ковачевски и на СДСМ).

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, ќе извршат увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид (изјави за медиуми 12:20).

    Европскиот фронт ќе оддржи конститутивна седница на победничкото собрание од парламентарните избори на 8 мај 2024, како и инагурација на победникот на претседателските избори Бујар Османи, од страна на новоизбраното собрание. (х.„Александар Палас“/11:00).

    Прес-конференција на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, како и носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици. (Штаб на Коалиција ВРЕДИ кај плоштадот Скендербег/11:00).

    Коалицијата ВРЕДИ ќе одржи митинг во Домот на културата во Струга (20:30).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img