Брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција, вчера вечерта околу 23.30 часот биле пронајдени во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и од ОВР Кичево, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Семејството било пронајдено на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“.
– Тие претходно, околу 21.00 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта – истакнуваат од полицијата.
Сите тројца биле во добра здравствена состојба.