Грција вообичаено е омилена дестинација за Велигден, годинава особоено поради топлото време и можноста некои да ги поврзат неравботните денови од првомајските и велигденските празници и да истераат мини-одмор на море. Но зголемената побарувачка значително ги крена цените во познатите грчки одморалишта во околината на Солун и на Халкидики.
Српските медиуми веќе алармираат за значително зголемени цени на становите и на апратманите во приватното сместување, а зголемени се и цените на храната во локалните таверни и ресторани.
На пример, во некогаш мало рибарско село, кое денес е топ дестинација поради близината до Солун, гирото е веќе 4 евра, но ако ви се послужи како оброк во чинија, ќе ве чини 7 евра, пишува Блиц.рс
Цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. За 10 дена на почетокот на јули треба да издвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.
Сарти сепак останува нешто подостапно, па цената се движи од 258 евра по лице во втората недела од јуни до 438 евра за истиот период два месеци подоцна. Во јули и август цените во Неос Мармарас достигнуваат и до 780 евра за изнајмување на цел стан.