More

    Дваесет и петгодишник од Албанија загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот на полуостровот Касандра, Халкидики

    spot_img

    Дваесет и петгодишник од Албанија загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот на полуостровот Касандра, Халкидики. Тој изгубил контрола над автомобилот, удрил во дрво и загинал.

    Несреќата се случила во петокот попладне во 16 часот и 30 минути, кога возилото управувано од 25-годишникот на регионалниот пат од Неа Фокаја – Сани, излетало од патот и удрило во дрво, при што возачот се здобил со смртна повреда.

    Со возило на Итна медицинска помош ЕКАВ бил пренесен во Здравствен дом Касандра, каде била констатирана смрт.

    Во петокот во Грција загина и 29-годишната битолчанка Мартина, додека две нејзини сопатнички се во болница со тешки повреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img