Илон Маск вели дека вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Способноста на новите модели на вештачка интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција до крајот на следната година, смета милијардерот Илон Маск. Тој смета дека тоа ќе се случува сè додека снабдувањето со електрична енергија и хардвер може да ги задоволи барањата на оваа технологија која од ден на ден е сè помоќна и помоќна, објави Бизнис тудеј.

– Моја претпоставка е дека ќе имаме вештачка интелигенција која е попаметна од кој било човек, веројатно кон крајот на следната година – рече милијардерот кој раководи со „Тесла“, Икс, и „Спејс икс“.

Во следните 5 години, можностите на вештачката интелигенција веројатно ќе ги надминат оние на сите луѓе, предвиде Маск во понеделникот за време на интервјуто на Икс со главниот извршен директор на Норгес банка за инвестиции, Николај Танген.

Маск постојано зборува за развојот на таканаречената вештачка општа интелигенција (АГИ) која е толку моќна што може да ги победи најспособните поединци во кој било домен. Но, неговото предвидувањеод понеделникот е пред датумот што тој и другите претходно ги предвидуваа. Илон лани предвиде дека „целосната“ АГИ ќе биде постигната до 2029 година.

Сепак, некои од најхрабрите предвидувања на Маск, како што се пуштањето на самовозечки коли „тесла“ и слетувањето на ракетата на Марс, сѐ уште не се исполнети.

Голем број откритија на вештачката интелигенција во изминатите 18 месеци, вклучително и лансирањето алатки за генерирање видео, како и поспособни чет-ботови, ја поместија границата на вештачката интелигенција напред побргу од очекуваното.

Соосновачот на „Дипмајнд“ (DeepMind) на Гугл, Демис Хасабис, претходно оваа година предвиде дека може да се постигне AGI до 2030 година.

Желбата на Маск да се приклучи на трката за вештачка интелигенција е спротивен со ставот што го зазеде лани, повикувајќи на пауза во напредниот развој на вештачката интелигенција. Тој предупреди за „длабоките ризици за општеството и човештвото“ што ги носат супермоќните алатки за вештачка интелигенција и повика на итна пауза во обуката на кој било систем помоќен од ГПТ-4 на ОпенАИ, водечкиот модел на пазарот.

Во понеделникот, Маск рече дека неговиот „стартап“ со вештачка интелигенција, xAI, тренира втора верзија на својот модел Грок кој мисли дека ќе биде подобар од ГПТ-4.

- Advertisement -
Ad image

Тоа би требало да биде готово до мај и ќе биде проследено со нов модел со помоќни редови, додаде тој.

Маск префрли повеќе време и ресурси на xAI во текот на изминатата година. Тој се обидува да собере милијарди долари од инвеститори од САД, Блискиот Исток и од Хонг Конг со цел да се натпреварува со ОпенАИ, во круг на финансирање што би ја вреднувал компанијата на 18 милијарди долари, според луѓе со познавање на тој процес.

Маск одигра централна и често спорна улога во развојот на нови алатки за вештачка интелигенција во изминатата деценија.

- Advertisement -
Ad image

Тој беше соосновач на ОпенАИ во 2015 година, но ја напушти компанијата во 2018 година откако се скара со главниот извршен директор и соосновач Сем Алтман за насоката на истражување.

Маск ги тужешеОпенАИ и Алтман за прекршување на договорот во март, тврдејќи дека тие ја компромитирале наведената мисија на „стартапот“ за градење на вештачка интелигенција во корист на човештвото – тврдење што ОпенАИ категорично го негираше.

Share This Article