More

    Српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ беше погребана денеска, 8 април, во белградско Лешче во кругот на нејзините најблиски пријатели и членови на семејството

    spot_img

    Српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ беше погребана денеска, 8 април, во белградско Лешче во кругот на нејзините најблиски пријатели и членови на семејството.

    Дадо Топиќ одржа емотивен говор со кој се прости од својата пријателка и соработничка со која во 80-години ја снимија култната песна „Принцеза“, пишува Телеграф.рс.

    Еден необичен детал покрај ковчегот на Слаѓана го привлече вниманието на присутните. За последното збогум славната „принцеза“ на југословенската музичка сцена доби сребрена круна со сини кристали.

    Семејството и ја исполни желбта на Слаѓана да биде погребана покрај нејзиниот татко.

    На погребот беа нејзиниот брат и музичар Горан Милошевиќ и најблиските колеги Дадо Топиќ и Момчило Бајагиќ Бајага.

    Српската пејачка почина на 69-годишна возраст по кратко боледување.

    Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важи за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија. Првиот соло настап го имаше на фестивалот Студентско лето во 1974 година, а на југословенската поп сцена се појави три години подоцна со песната „Ау, ау“.

    Таа со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“ со која во 1984 година настапија на југословенскиот избор на песна за Евровизија што се одржа во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img