More

    Полицајците не ја сфаќале сериозно, Србинка помогнала да се дознае вистината

    spot_img

    Српската новинарка Вера Марјановиќ ѝ помогнала на австриската полиција да идентификува една од Романките од снимката од Виена со што се потврди дека двете жени немаат врска со исчезнатата Данка. Вера за српски „Блиц“ вели дека Романката А.Ц.С.(36) била лута, исплашена и бесна поради тоа што ја поврзувале со исчезнатата Данка.

    – Кога таа ми се јави синоќа беше многу вознемирена, гласна, на работ на солзи, се плашеше. Кога отишла во австриската полиција, од нив побарала помош и заштита. Тоа прво било во неделата во Велс бидејќи таа почнала да добива повици од пријатели кои ѝ рекле дека видеото со нејзиниот лик се пушта на сите српски и романски телевизии и на сите социјални мрежи. Полицијата во Велс ѝ рекла на жената да оди во полиција кога ќе се врати во Виена, во својата општина во Виена и тоа таа го направила, но полицајците не ја сфатиле сериозно, како да не знаеле за што се работи. И таа си заминала од полицијата – вели Марјановиќ.

    Вера работи во австрискиот медиум „Космо“. Штом дознала која е Романката на видеото и дека таа не е поврзана со случајот, решила да се јави во полиција. Таа раскажува дека можело многу порано да се дознае кои се жените на снимката пред тие да ја поминат четиридневната голгота во која се шпекулираше дека тие се поврзани со исчезнатата Данка.

    – Ќе продолжевме да бараме доколку случајно не дознаев дека таа (А.Ц.С) е на фотографиите, т.е. на снимката, жена која живее и работи во Виена. И тогаш почнав да ја барам, и се разбира, веднаш беше известена полицијата, како и нашата (српска) амбасада. Тогаш топката почна да се одмотува и гледам дека нашите (Срби) реагираат со неверување, мислат дека тоа е некаква теорија на заговор – раскажува понатаму Вера Марјановиќ.

    Жената била многу вознемирена кога отишла во полиција, раскажува новинарката, бидејќи единствено ѝ паднало на ум дека нејзиниот и животот на нејзиното дете се во опасност, како што вели, не може ни да замисли што ќе се случи ако некој на улица ја препознае.

    – Можеше да се појави на улица со своето дете и да ја препознае некој наш граѓанин. Знаете каква би била таа полициската акција, бидејќи жената е осомничена за киднапирање на дете. Тоа е ужасно. И ова е навистина голем автогол на австриската полиција . Мислам на полицијата во Велс и мислам на полициската станица во општината на младата Романка која апсолутно немаше поим зошто дошла жената – изјави Марјановиќ за телевизија „Блиц“.

    Таа истакнува и дека луѓето се лути на австриската полиција.

    – Треба да видите какви коментари се даваат за австриската полиција, од Австријци, а не од наши луѓе. Морничаво е – вели тој.

    Австриската полиција рано утринава соопшти дека јасно и без никаков сомнеж може да се исклучи врската меѓу лицата прикажани на објавените фотографии и исчезнатото девојче од Бор.

    Романката А.Ц.С. подоцна во интервју ја раскажала својата голгота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img