More

    Маричиќ: Забрзаниот пристап на државата во ЕУ е од клучно значење за регионот и за сите граѓани на Северна Македонија

    spot_img

    Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа средба со претставничката од Европскиот Парламент од Кралството Холандија, Тинеке Стрик.

    На средбата Вицепремиерот Маричиќ ја истакна заложбата на Владата за реализација на европската агенда на државата. Посебно внимание беше посветено од страна на говорниците за успешната реализација на скрининг процесот, кој беше реализиран во 15 месеци, интензивна и темелна работа на институциите.

    На средбата дискутираа за различни сегменти од областа на владеење на правото, за претстојните избори и за предизвиците на државата и регионот.

    Двајцата соговорници се сложија дека забрзаниот пристап на Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и регионот. Европратеничката Тинеке Стрик ја потврди поддршката за продолжување на евроинтеграцијата на државата во полза на сите граѓани со значителни придобивки за социо-економскиот развој на општеството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img