Силен земјотрес ја потресе Турција во 10:48 часот по локално време. Иако според првите проценки земјотресот бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, подоцна е соопштено дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.
Земјотресот е регистриран на 45 километри северозападно од Адијаман, во западниот дел на Турција, на длабочина од 8 километри.
Засега нема информации за штети или повредени.
Силниот потрес ги вознемирил жителите на погоденото подрачје.
„Ме разбуди“, „Навистина добро се тресеше“, „Беше краткотрајно, но интензивно“, наведуваат во коментарите на ЕМСЦ.