Во атарот на село Танушевци, вчера полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, забележале лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во атарот на село Танушевци, вчера полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, забележале лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово.

Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода, информира МВР.

Утврдено е дека станува збор за Б.С.(29) од Витина, Косово и дека за него е распишана меѓународна потерница од Косово поради кривично дело „учество во странска војска“.

Share This Article