Деца се повредени во денешниот терористички напад во московската концертна сала, пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на руската новинска агенција Риа, која цитираше официјален претставник на Москва.
Анонимен очевидец претходно изјави дека голем број деца и тинејџери настапувале на натпревар во сала за танцување кога почнало пукањето. Присуствувале и нивните родители.
– На натпреварот беа деца и тинејџери. Дојдоа луѓе и рекоа дека има пукање. Следеше метеж. Децата трчаа во нивната гардероба за настап – рекол очевидецот.
Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Крокус Сити Хол во Москва.