More

    Путин откри што разговарале со Трамп

    spot_img

    Владимир Путин откри дека Доналд Трамп своевремено го искарал дека го „симпатизира“ актуелниот американски претседател Џо Бајден. Во интервју за државната новинска агенција РИА и за телевизискиот канал „Русија-1“, рускиот претседател беше прашан што мисли за сопствената улога во предизборната кампања во САД.

    Интервјуто го водеше Дмитри Кисељов, пропагандист во Кремљ, кој Путин го назначи за шеф на државната медиумска група „Русија Севодња“. Кисељов инсинуираше дека рускиот лидер додал „масло на огнот“ со неодамнешната порака дека повеќе би сакал Бајден да остане претседател, пишува Њусвик.

    Путин минатиот месец изјави дека лидерството на Бајден ќе биде подобро за Русија бидејќи тој е „поискусна личност“.

    – Тој е предвидлив, тој е старомоден политичар – рече тогаш рускиот претседател.

    Пропагаторите на Кремљ тврдеа дека Путин само ги провоцира демократите и републиканците.

    – Ќе ви кажам една работа што ќе покаже дека ништо не се променило во моите преференции овде. Ние не се мешаме во ниту еден избор. И како што многупати реков, ќе работиме со секој лидер на кој му верува американскиот народ, американскиот гласач – истакна Путин во најновото интервју.

    Рускиот претседател во интервјуто откри и дел од разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој сега повторно се обидува да се врати во Белата куќа.

    – Во неговата последна година како претседател, Трамп, актуелниот претседателски кандидат, ми префрли дека го симпатизирам Бајден. Тој во еден разговор ме праша: „Сакаш ли заспаниот Џо да победи?“. И тогаш, на мое изненадување, почнаа да го прогонуваат (Трамп) затоа што ние наводно сме го поддржале како кандидат. Па, тоа е целосна глупост – вели Путин.

    Путин нагласи дека предизборната кампања во САД станува „сè повеќе нецивилизирана“.

    – Американскиот политички систем не може да тврди дека е демократски во секоја смисла на зборот – заклучи рускиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img