More

    Османи и Генчовска имале договор да не ги отвораат пред јавноста во Македонија и во Бугарија текстовите од Протоколот кој е дел од преговарачката рамка и од новиот француски предлог

    spot_img

    Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска имале договор да не ги отвораат пред јавноста во Македонија и во Бугарија текстовите од Протоколот кој е дел од преговарачката рамка и од новиот француски предлог.

    – Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, дека тие се склучени тој ден. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат (бугарскиот) национален интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание – одговори Генчовска на прашањето кога јавноста во Бугарија ќе може да се запознае со нив.

    Ова Генчовска вчера го изјави за БГНЕС, во пресрет на протестите во Скопје, заедно со изјавата дека Бугарија ќе ѝ врачи протестна нота против говорот на омраза против Бугарија на протестите.

    Спор бугарската министерка, Скопје е заинтересирано работите да се случуваат многу брзо, бидејќи многу земји членки на ЕУ веќе зборуваат за одвојување на Македонија од Албанија.

    – Топката е директно во теренот на РСМ – рече таа.

    На прашањето дали Бугарија е заинтересирана за одвојување на двете земји на нивниот пат кон ЕУ, шефот на дипломатијата рече дека процесот се базира на конкретни резултати.

    – Ја поддржуваме Албанија, и покрај разговорите што ги гледаме од албанските власти во последно време. На крајот ќе одлучат земјите-членки – рече Генчовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img