Бајден несвесен дека е сниман откри дека договарал интервенција во Газа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Џо Бајден, несвесен дека го снимаат, му се довери на демократскиот сенатор по обраќањето до нацијата дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека треба да „дојде на состанокот со Исус“ во врска со ситуацијата во Газа.

Додека Бајден се шеташе по говорот, сенаторот Мајкл Бенет – демократ од Колорадо – му вели  дека неодамна бил во Израел и побарал од претседателот да продолжи да се залага за хуманитарна помош за Газа, пренесува „Аксиос“.

Бајден му коментира:

-Му реков, Биби, и не го повторувај ова, но јас и ти ќе имаме средба „дојди на Исус“.

Според „Аксиос“ станува збор за колоквијализам за тешка интервенција со намера да се произведе пробив.

Кога Бајден сфати дека го снимаат, рече:

– Ме снимаат. Добро. Тоа е добро.

Share This Article