Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.
Лидерот на АА наведе дека според анкетите постои реална можност да оди во вториот круг, бидејќи тоа го потврдува и демографијата на Северна Македонија.
– Врз основа на анкетите што сме ги правеле, постои реална можност да одам во вториот круг. Секаде сум појаснил дека демографијата на Македонија, а според статистиката и последниот попис на населението, 54% се Македонци, околу 31% се Албанци и 15% се припадници на другите етнички групи. Нашата главна цел се секако Албанците и тука очекуваме најмногу гласови, но нашата кампања ќе таргетира и гласови на другите малцинства, како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, а ќе таргетираме и гласови од Македонците – рече Таравари, додавајќи дека неговата победа на претседателските избори ќе има влијание и на парламентарните избори на 8 мај.
Во врска со неговата програма, Таравари рече дека таа се заснова на 4 столба.
– Главната точка ќе биде европскиот пат на Северна Македонија, втората точка ќе бидат уставните измени, а ние сме кажале дека уставните измени се важни и дека треба да се внесе и бугарското малцинство во Уставот, а за ова нема да се прави компромис во преговорите за формирање на влада и да се тргне 20% за албанскиот јазик. Исто така ќе инсистираме претседателот да се избере во Собранието. Третиот столб ќе биде владеењето на правото, а четвртиот столб е регионалната соработката и стабилност – истакна Таравари.